Граѓански буџет на Општина Струмица за 2017 г

Здружението за локална демократија Центар на заедницата на општина Струмица – Струмица во соработка со Општина Струмица, од почетокот на 2017 г. започна со процес на изработка на Граѓански буџет на Општина Струмица за 2017 г.

Со Граѓанскиот буџет е претставен Буџетот на Општина Струмица за 2017 година, со што ќе се зголеми свесноста на Општина Струмица за нејзината обврска за транспарентно презентирање на информациите поврзани со Буџетот и информирање на граѓаните на прилагоден, едноставен и достапен начин, со што Буџетот на Општината ќе се приближи до граѓаните, чии пари влегуваат во самиот Буџет. Со издавањето на Граѓанскиот буџет ќе се зголеми фискалната транспарентност и ќе се зголеми фискалната дисциплина, а со тоа ќе се постигне и отчетност на Општина Струмица. Од друга страна, со Граѓанскиот буџет граѓаните ќе се информираат за тоа кои се приоритетите на Општината за кои ќе се трошат нивните пари, а тоа ќе придонесе и до зголемување на нивната партиципација во процесите на креирањето на најбитните локални одлуки, вклучувајќи го и процесот на носење на Буџетот на Општината, како еден од најзначајните документи за функционирање на Општината.

Активноста е финансирана од Фондација Отворено општество – Македонија.

Граѓанскиот буџет може да го подигнете во канцеларијата на Центарот на заедницата на општина Струмица во Дом на АРМ (приземје), ул. „Благој Мучето“ бр. 37, 2400 Струмица.

Напишете коментар