„Граѓанска демократија“ ќе Започне со Собирање Потписи Против Изгледот на Старата Полиција

Платформата „Граѓанска демократија“ на 26.09.2015 година (сабота) во 09.00 часот започнува со постапка на собирање потписи против идејното решение за изгледот на зградата на старата полиција во Струмица.
Пунктови за собирање потписи ќе бидат поставени на четири локации:
1.Влез на градски пазар „Глобал“
2.Пред „Тинекс“
3.Плоштад „Гоце Делчев“
4. Градски пазар „Чешел“ (спроти маркетот „Црвена ружа“).
Собирањето на потписи ќе продолжи и во наредните денови.
Во текот на работните денови (понеделник до петок) пунктови за собирање потписи ќе бидат поставени на две локации („Глобал“ и „Тинекс“), а во сабота на сите гореневедени локации.

Напишете коментар