Градоначалникот Заев:Се надевам дека денешниот ден ќе не поттикне да ги зачуваме трпението и љубовта

Градоначалникот Зоран Заев со граѓаните на општина Струмица, денеска, присуствуваше на фрлањето на Светиот крст во осветените води на базенот „Аквариус“. Во свое лично име и од името на општина Струмица, на најсреќниот меѓу најхрабрите кој го фати крстот, Лазо Котуровиќ, му посака многи среќа и бериќет во оваа година и му врачи Плакета и православен крст изработен од срмен конец, а на сите граѓани им порача да ја сочуваат љубовта и им посака подобра иднина од денешната.
-Се надевам дека денешниот ден ќе не поттикне да се пронајдеме во верата, ќе не поттикне да ги зачуваме трпението и љубовта, длабоко верувам дека по крстената вода ќе ни даде сила за поубаво денес и утре. Празнувајќи го денешниот ден, крштевањето христово на сите граѓани од целата нашата земја силно им посакувам да ја сочуваат љубовта, силно им посакувам подобра иднина, поразлична од денешната. Нека ни е честит и за многу години богојавление христово – Водици, рече градоначалникот Заев.

Напишете коментар