Градоначалникот Заев како голем поддржувач на спортот на турнир во мал фудбал во Муртино

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, синоќа, присуствуваше на турнирот во мал фудбал кој што се одржува во населеното место Муртино. Турнирот го организира фудбалскиот клуб „Владе“ од Банско, а под покровителство на општина Струмица. Покрај градоначалникот Заев, на турнирот присуствуваа и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов и членови на истиот.
Присуството на градоначалникот Заев и членови на Советот на овој турнир уште еднаш ја потврдуваат големата поддршка на спортот. Општина Струмица во изминатите години континуирано ги поддржува спортистите, спортските екипи и спортските манифестации од локален, државен и меѓународен карактер.

Напишете коментар