Градоначалникот на пријателска Ташкупри од Р.Турција во посета на општина Василево

Вчера, градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев во својот кабинет оствари средба со својот колега Недрет Ѓулен (Nedret Gülen),   од општина Ташкупри, Р.Турција.  Според информацијата од градоначалникот Јанев на средбата се разговарало за продолжување на соработката меѓу овие две пријателски општини , која во иднина би требало  да резултира со конкретни проекти од кои бенефит ќе имаат граѓаните и на двете општини.

Првиот контакт меѓу двете општини е воспоставен пред околу година и половина, период во кој се остварени неколку средби на кои главно се разговара за  можностите  за заеднички проекти  кои би биле во функција на граѓаните од двете општини.

На вчерашната средба покрај градоначалниците присуствуваа и раководителот на Подрачната единиц  при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  на Република Северна Македонија во Струмица,  Васил Коцев како и членот на Советот на општина Василево од Висока Маала,   Неџат Меминов.

Напишете коментар