Градоначалникот Јаневски во посета на Здружението на глуви и наглуви лица

Градоначалникот Коста Јаневски попладнево ги посети членовите на Здружението на глуви наглуви лица во општина Струмица. На средбата разговараа за проблемите и потребите на Здружението. Со цел престојот да им биде попријатен, градоначалникот Јаневски им подари телевизор, а тие Благодарница за поддршката што ја имаат од општина Струмица.

Напишете коментар