Градоначалникот Јаневски на трибина за инвестиции во инфраструктура поврзана со туризам

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска, учествуваше на трибината на која се промовираше јавниот повик за доделување грантови од Проектот за локална и регионална конкурентност која што се одржа во свечената сала во Владата на Република Македонија.
Се работи за втор јавен повик за инвестиции на под – грантови во инфраструктура поврзана со туризмот и поврзувања во дестинациите. На трибината зборуваа д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, раководителот на секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Никола Бертолини, директорот на канцеларијата на Светска Банка, Марко Мантованели и директорката на проектната единица преку која се спроведува Проектот за локална и регионална конкурентност, Антонија Шишак.

Развиена инфраструктура за искористување на туристичките потенцијали во општина Струмица, е една од целите на градоначалникот Јаневски која што ја потврди и денеска на промоцијата на Проектот за локална и регионална поврзаност.

Вкупната вредност на грантовата шема изнесува над 21 милиони евра, од кои 18 милиони се обезбедени преку компонентата ИПА 2, додека 3,2 милиони евра изнесува учеството на македонската Влада. Овие средства ќе се доделуваат на проекти од општините, туристичките здруженија и асоцијации, како и од мали и средни претпријатија, во насока на поттикнување на туризмот, сектор кој има голем потенцијал за развој.

Напишете коментар