Градоначалникот Јаневски на промоција на проект на ООУ „Сандо Масев“

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, беше меѓу посетителите на промоцијата на проектот „Учење транслација, ротација, симетрија со користење дигитално ЦД и од истото изработено уметнички фигури“ која што се одржа во големата сала на центарот за култура „Антон Панов“. Во промоцијата учествуваа учениците од шестто одделение кои го презентираат процесот од почеток до финален продукт „Украсно ЦД“, а средствата од неговата продажба се наменети за хуманитарни цели. Учениците од деветто одделение ја изведоа театарската претстава „Дневникот на Марта“ во режија на Кире Ѓоргиев, со која ООУ „Сандо Масев“ освои две награди на интернационален натпревар во Србија

Напишете коментар