Ѓорги Христов Најдобар на Трката на Келнери

На една од патеките во паркот се одржа шестата по ред трка на келнери во која учествуваа триесетина келнери од Струмица, Радовиш и Гевгелија. Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, на најбрзите и највештите им ги врачи наградите. Ѓорги Христов од „Gosip Cafe“ ја освои првата награда во вредност од 12.000 денари, Томе Стоилов од „19-ка“ ја освои втората во вредност од 9.000 денари и Мите Станков од „PR cafe“ е добитник на третата награда, викенд за двајца во Банско.

Напишете коментар