Гитаристите од музичкото училиште „Боро Џони“ со одлични резултати на меѓународен натпревар во Бугарија

Учениците од основното општинско музичко училиште „Боро Џони“ учествуваа на најстариот натпревар за гитара на Балканот кој што се одржа по 21-ви пат во Ќустендил, Република Бугарија и постигнаа одлични резултати. Во соло категориите се претставија Велјан Дојчинов и Стефан Локов кои освоија специјални награди во својата категорија до 10 годишна возраст. Ученици од ова училиште имаше и во категоријата камерна музика во која нема ограничување на годините и тие беа најмладите учесници. Квартетот составен од учениците Митко Витанов, Дора Акан, Милка Василева и Томи Василев освоија втора награда, а триото составено од учениците Христијан Мираковски, Ангела Мицевска и Александра Цветанова ја освоија третата награда со што и овојпат го претставија училиштето и градот во најдобро светло. Жирито беше составено од еминентни професори и гитаристи од повеќе држави меѓу кои беше и професорот од музичкото училиште „Боро Џони“ м-р Васко Пиличев.

Напишете коментар