ГИМНАЗИЈАТА ЈАНЕ САНДАНСКИ СО ДЕСЕТ НАГРАДИ НА МАССУМ ВО СКОПЈЕ

Ученици од СОУ „Јане Сандански„ Струмица се вратија со десет награди од образовното рандеву – МАССУМ 2016. Помеѓу 1500 ученици од 45 средни стручни училишта од земјава тие покажаа дека се најдобри во повеќе категории. Со 41 ученик подготвени од страна на 14 ментори, струмичките гимназијалци освоија голем број награди во повеќе категории.

Струмичката гимназија „Јане Сандански„ учествува по 11 пат на образовното рандеву МАССУМ. Годинава го постигнаа најголемиот успех. Дејан Трендов е само еден од наградените, кој ја освои втората награда во категоријата „јавно говорење“.

Домаќин на традиционалната манифестација „Образовно рандеву 2016“ годинава беше Средното електро-техничко училиште од Скопје „Михајло Пупин“ . Истата е во организација на Младинската асоцијација на средни стручни училишта. На манифестацијата учествуваа и средните училишта Димитар Влахов и Никола Карев кои исто така покажаа големи успеси.

Напишете коментар