ФК „Василево“ со победа ја започна сезоната

ФК „Василево“ од Василево кој се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига –Исток, сезоната ја започна со победа. Првиот натпревар од првото коло го одигра на домашен терен, совладувајќи го ФК „Саса“ од Македонска Каменица со резултат од 2:1. Головите за домаќините ги постигнаа Роберт Трајков и Бранко Глигоров.

Следниот натпревар го играат во недела, 11.09.2016 година во Радовиш, каде силите ќе ги одмерат со фудбалерите на ФК „Плачковица“. Почетокот на натпреварот е во 16,00 часот.

Напишете коментар