Електричен кросовер автомобил -Tesla X 2016

Децении наназад во автомобилскиот свет се зборува за алтернативни погони кои би го замениле класичниот дизел или бензински и кои би ги однеле автомобилите во новата ера, ерата на високите технологии.

Овие тенденции, иако беа присутни кај повеќе производители, но сепак скромно, срамежливо и недоволно омасовено, не беше доволно за вистинска револуција, но производителот Tesla навистина го промени тоа.

Овој производител направи вистински култ и тоа не со својот прв автомобил кој беше моделот Tesla roadster, спортски кабриолет комплетно на електричен погон, туку со вториот модел луксузната лимузина Tesla S.

Лимузината навистина беше масовно прифатена и исклучително популарна во Америка и на сите оние кои ги сакаат новите технологии, а воедно имаат голема еколошка свест, но сепак не сакаат мал смешен градски електричен автомобил, комплетно се пронајдоа себеси во моделот Tesla S.

Луксузниот дизајн, големата автономија со повеќе од 500 км на движење со едно полнење, низата државни привилегии за бесплатно паркирање, движење во централни градски подрачја без надомест, станици за бесплатно полнење на автомобилот направија Tesla да биде прифатен и обожуван веќе и надвор од границите на САД.

Сето тоа како доволен мотив за производителот логично предизвика развојот да продолжи со проширување на понудата и веќе е факт следната платформа во која ќе може да уживаат сите фанови на Tesla, а тоа е платформата на која ќе биде поставен „малиот” кросовер автомобил, моделот TeslaX.

Дизајнерски исклучително привлечен и футуристички, со задни врати со отворање како на познатиот автомобил од филмот „Враќање во иднината”, моделот X претставува навистина чекор во иднината.

Со 3-те реда седишта, иако мал во надворешни димензии приближни на оние кој ги има хибридниот кросовер Lexus NX, и споменатото отворање на вратите, кое значително го олеснува влезот на задните седишта, секако ќе преставува вистинска закана за конкуренцијата која во моментов ги нуди хибридните луксузни кросовер автомобили.

Иновативноста е присутна и во инструмент таблата, каде што централно место преставува 17-инчен монитор кој е информативно мултимедијална станица и навистина е нешто различно во споредба со било кој друг автомобил.

Перформансите се повторно впечатливи што е повеќе од очекувано, познавајќи ги оние на неговиот претходник а тие се: Моќност од 400 кс. добиени од 2 електромотора, максимална брзина од 211км/ч, забрзување од 0 до 100 за околу 5 секунди, погон на 4 тркала, 7 седишта, автономија на движење 430км, полнење 80% на батериите за 30мин со брз полнач.

Напишете коментар