Екслузивно- Изгоре Домот на Култура во Вељуса

Домот на Културата во Вељуса, од засега непознати причини изгоре во пожар кој избувнал во 00-45 минути. Како што не известија од противпожарната единица во Струмица, 15 пожарникари со три возила за 10 минути стигнале во Вељуса да го локализираат пожарот кој бил изгаснат за неколку часови. На лице место бил и јавен обвинител и инспектор кои дополнително ќе ги утврдуваат причините за настанување на пожарот. Очевидци велат дека глетката била страотна, а пламените јазици биле високи и до неколку метри. И покрај големиот пожар заштитени се сите околни објекти вклучувајќи ги и куќите.

Во прилог погледнете ја екслузивната галеријата од остатоците од Домот на Културата…

 

 

Напишете коментар