Екипи на „Комуналец“ Темелно го Чистат Плоштадот „Гоце Делчев“

Неколку екипи на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ уште од утринските часови започнаа со темелно чистење на плоштадот „Гоце Делчев“. Рачно и со механизација се чисти со специјално средство за гранитни површиниа, а ќе се изврши и комплетна дезинфекција. Освен плоштадот ќе се мијат и дезинфицираат и околните улици. Во ова генерално чистење, а поради потребата од поголемо количество на вода, вклучена е и Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица.
Ваквото чистење е редовно по одржувањето на големите манифестации, каква што беше и „Струмица опен фест“ која што заврши завчера.

Напишете коментар