Екипата на ООУ „Видое Подгорец“ победник во меѓуопштинскиот натпревар во кошарка

Екипата на основното општинско училиште „Видое Подгорец“ од Струмица е победникот  на меѓуопштинскиот натпревар во кошарка кој заврши денеска, а на кој учествуваа седум основни училишта од Струмица, Василево, Босилово и Ново Село. Второто место го освои екипата на основното општинско училиште „Никола Вапцаров“, а третото екипата на ООУ „Сандо Масев“.

 

Победничката екипа ќе го претставува регионот Струмица на зонските и регионалните натпревари во кошарка. Целта на овие натпревари е развивање на спортскиот и натпреварувачкиот дух кај учениците во основното образование

Напишете коментар