Екипата на ООУ „Видое Подгорец“ го освои второто место на државното првенство во кошарка

На државното првенство во кошарка за основни училишта, екипата на основното општинско училиште „Видое Подгорец“ го освои второто место. Младите кошаркари од ова училиште покажаа извонредна игра пред полните трибини и во прекрасната атмосфера во спортската сала „Парк“ во Струмица и само за еден бод во продолженијата изгубија од ООУ „Кочо Рацин“ од Куманово кое го освои првото место, а третото место го освои ООУ „Ѓорѓи Пулевски“ од Скопје.

Напишете коментар