„Еднакви права – еднаков пристап за сите деца“

Центарот на заедницата на општина Струмица од јануари 2018 година започна со имплементација на проектот: „Еднакви права – еднаков пристап за сите деца“ во партнерство со ООУ „Видое Подгорец“ – Струмица, а финансиски поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ).

Главни цели и задачи на проектот се: унапредување на инклузијата во рамките на училиштето; поттикнување на здрав психо-физички развој кај учениците и подигање на свеста кај наставниот кадар за важноста на предметот Физичко и здравствено образование (ФЗО) во рамките на одделенска настава.

Така, целите на овој проект, како и приднесот кон решавање на истакнатите проблеми на училиштето, ќе се постигнат преку следниве клучни активности: промена на вц шолји во санитарни јазли; набавка на нагледни средства во училиштето по предметот ФЗО; обука за оспособување на наставниците за вклучување на учениците со попречености, учениците од одделенската настава и користење нагледни помагала во наставата по ФЗО и организација на спортски настан заедно со учениците и наставниот кадар од училиштето.

Напишете коментар