ЕД Планетум и учениците од Никола Вапцаров дадоа Зелено Ветување

Учениците од основното училиште Никола Вапцаров го дадоа своето зелено ветување за чиста животна средина и зелена еко нова 2016 година. Овој настан е еден од многуте кој го организира ЕД Планетум со цел подигнување на свеста кај граѓаните за одржување на чиста околина. Со песни и инструменти изработени од отпад учество зедоа и учениците од музичкото училиште боро џони. Наместо пакетчиња, зелениот дедо мраз на учениците годинава им подари зимзелени садници кои беа засадени во училишниот двор. Тој им се обрати на учениците и заедно со нив ја подигна раката и го даде своето зелено ветување за одржување чиста и здрава животна околина. Настанот зелено ветување еколошкото друштво деновиве го спроведува во сите основни училишта, а истиот е дел од проектот зелена граѓанска акција, поддржан од проект на усаид за граѓанско општество кој го спроведува фондација отворено општество – македонија а е кофинансиран и од општина Струмица.

Напишете коментар