Драган Јованов – Со фитомедицината во борба против акни

Кои се симптомите при акни
– Црвени ситни точки, чирчиња или отекување на кожата што се задржуваат долго или се обновуваат обично познати како мозолчиња, можат да се воспалат или да се наполнат со гној а типично е да се појавуваат на лицето, градите и рамената вратот или горниот дел на грбот, особено кај адолесцентите
– Темни точки чирчиња со отворени пори во средината отворени комедони
– Чирчиња што се испупчени и немаат отвор се затворено комедони
– Црвените отекувања или ситни израстоци, понекогаш очигледно исполнети со гној се гнојници кои се развиваат од отворени или затворени комедони
– Воспалените ситни израстоци под кожата, исполнети со течност кои можат да нараснат и до 2 см се ситни израстоци или цисти
– Неприродно црвените образи и нос се знак за розацеа, нарушување слично на акните што се јавува почесто кај возрасни луѓе, првенствено кај жените на возраст над 30 години.
Обратете се на доктор
– Ако вашите акни во текот на 2 до 3месеци не реагираат на лековите што можат да се добијат без лекарски рецепт, можеби ви е потребна помош од доктор
– Ако имате потежок облик на акни од кои можат да се направат поткожни цисти и потрајни мозолчиња кои можат да се инфицираат. Дерматологот може да ви препише лек за да ги спречите трајните лузни.
– Ако кожата ви стане ненормално црвена по образите и носот. Можеби имате розацеа, која може да се држи под контрола со содвеетен антибиотички лек.
Речиси секој човек во некој дел од животот добива мозолчиња што ги прави акните едно од најчестите кожни нарушувања. До него доаѓа кога ситните фоликули на влакната се затнуваат со мрсните материи од кожните потни жлезди. Отворените комедони се јавуваат како мали, обично рамни чирчиња. Точки со потемнета средина поради изложувањето на воздух, затворените комедони се слични но се безбојни. Двата вида мозолчиња може да се развијат во отечени болни воспаленија. Цистите и израстоците, кои се поврзуваат со потешки случаи на акни, се цврсти отекувања под површината на кожата кои се воспалуваат а понекогаш се инфицираат.
Иако акните главно остануваат проблем за адолесценскиот период, околу 20 % од сите случаи се јавуваат кај возрасните луѓе. Акните често се појавуваат за време на пубертетот и обично се почести кај луѓе со помрсна кожа. Се јавуваат кај двата пола, иако најтешките случаи обично се јавуваат кај момчињата. Кај жените пак поголема е веројатноста отколку кај мажите дека же имаат лесни до умерени облици на акни на околу 30 години и подоцна а и се посклони кон розацеа.
Митовите за тоа дека некои видови штетна храна и неконтролирани полови нагони предизвикуваат акни се заменети со едноставна вистина дека наследноста и хормоните стојат зад повеќето видови акни. Целосното отфрлање на чоколадото од исхраната или чистењето на лицето 10 пати дневно нема да ја смени вашата преодреденост за ова кожно нарушување, кое не изгледа убаво понекогаш е болно и често предизвикува непријатност и срам.
Кои се причините за појава на акни?

Причинителот за акни не е сосема познат. Слабата хигиена, лошата исхрана и стресот можат да ги влошат акните но сосема ејасно дека ова не се причинителите. Обичните акни кај младите почнуваат со засиленото создавање на хормоните. Во текот на пубертетот и кај момчињата и кај девојчињата се создава големо количество андрогени машки полови хормони кои го вклучуваат тестостеронот. Андрогените можат истовремено да го зголемуваат создавањето лој, материја што ја подмачкува кожата и со чија помош таа ја задржува влажноста, и кератинот основна состојка на влакненцата. Ситните фолекули на влакненцата, особено оние на лицето, вратот, градите и грбот можат да се затнат со лој и кератин. Како што фолекулите се исполнуваат а бактериите се множат на површината на кожата се создаваат затворени или отворени комедони, тегоба која се нарекува невоспаливи акни. Ако зидот пукне под притисок и лојот истече во околното ткиво резилтатот е пустула или воспаливи акни. Ако пустулите се инфицирале целата работа натаму се комплицира. Инфекцијата може да навлезе длабоко во кожата и да создаде цисти, кои можат да пукнат и да остават привремени или трајни лузни.
Поради различни причини некои луѓе се склони кон добивање акни, на пр. Акни во семејната историја на болести, стрес и употреба на контрацептивни средства или кортикостероиди. Земањето орална контрацепција може кај некои жени да предизвика акни, но кај други всушност ги одстранува, во зависнот од видот на таблетите што ги користат. Анаболичките стероиди кои ги земаат некои бодибилдери, исто така, можат да доведат до воспалување на акните.
Со фитомедицината во борба против акните
Некои фитотерапевтски начини на третирање на акните се обидуваат да го намалат воспалението и да ја одстранат инфекцијата. Некои други начини се служат со методи на лековити растенија или со исхрана за да се конторлираат причинителите што можат да го предизвикаат акните, како што е стресот. Кај слабите и умерените облици на акни, овие начини имаат смисла, но обичните акни и розацеата реагираат многу побавно од најголем број други здраствени проблеми на кој било начин на лекување. Бидете трпеливи многу во третирањето на акните кои можат да траат и до една година пред да бидат видливи резултатите. Можат да се користат следниве лековити растенија – ехинацеа, коприва, перуника, лаванда и камилица.

Исхрана
Допилнителните количества на витамини и минерали, нутриционистите обично предлагаат цинк кој дејствува врз хормонски процеси во организмот. Дополнително количество од 30-50 мг цинк на ден може да придонесе за намалување на воспалението на оштетената кожа. Дополнителни количества хром наводно ја подобруваат способноста на организмот да ја разградуваат глукозата. Големи количества витамин А можат да го смалат создавањето лој и кератин, но со оглед на тоа дека големите количества може да предизвикаат главоболки, замор, болки во мускулите и зглобовите и други придружни дејства, земањето витамински додатоци во големи количества не се советува освен ако тоа внимателно го следи вашиот доктор. Витаминот Е, антиоксиданс, исто така може да се вклучи во природната одбрана против акните во дози од 200-400 ме на ден. Витаминот Б6 кој помага во метаболизмот на хормоните, може да биде особено делотворен кај жените кои страдаат од предменстурални акни, 50 мг дневно е вообичаената доза.