Драган Јованов – Со фитомедицина во борба против анемија (слабокрвност) Кои се симптомите при анемија?

– Слабост, замор и чувство на општа мачнина, болести,
– Усните ви се модри, кожата бледа или жолтеникава и непцата, коренот на ноктите, слузницата на очните капаци или наборите на дланките ви се бледи, речиси сигурно сте анемични
– Освен чуството на слабост и замор, честопати останувате без здив, ве фаќа несвестица и вртоглавица, можеби имате тежок облик на анемија
– Јазикот ви е загреан, можеби сте слабоквни поради недостиг на витамин Б12
– Чуствувате дека јазикот ви е необично мазен и имате проблеми со движењето или рамнотежата, боцкање во екстремитетите, збунетост, потиснатост или губење на помнењето, можеби имате пернициозна анемија
– Други можни симптоми, главоболки, несоница, намалена желба за јадење, слаба концентрација и неправилно чукање на срцето
Обратете се на доктор
– Ако имате симптоми на пернициозна анемија, ова нарушување може да ви го оштети рбетниот мозок
– Ако примате или до неодамна сте примиле дополнителни количества железо, а доживување симптоми како повраќање, крвав пролив, температура, жолтица, летаргија или напад, можеби страдате од презаситеост од железо, што може да биде различна за животот, особено кај децата.
Причината за анемија може да биде губењето големо количество на крв, или ако нешто го спречува создавањето црвени крвни зрнца, или го забрза нивното уништување. Бидејќи хемоглобинот е основна состојка на црвените крвни зрнца и е носител на молекулите на кислородот, анемија, исто така, се јавува ако количеството на хемоглобин е недоволно, или ако е лош самиот хемоглобин. Откирени се повеќе од 400 различни видови на анемија, но многу од нив се ретки. Анеминиот човек најчесто изгледа слаб блед, а може и да го губи здивот, да има чуство како дека ке се онесвести, или чувствува силно биење на срцето. Ова нарушување може да биде последица на низа заболувања од кои некои можат да бидат наследни, но во многу случаи причината е слабата храна. Иако за некои облици на анемија е потребен лекарски надзор и грижа, анемиите за кои причина е неправилната исхрана начелно може да се лекуваат дома кога докторот ќе ја утврди причината. Причините се различни за појава на анемија, може да бидат како последица на хронилно губење на крв, како последица на чир на желудник, хемороиди или гастроинтестинани тумори, хронична употреба на алкохол, анемија поради недостиг на железо, мегалобластична анемија, хемолитички анемии, анемија на српестите клетки, мегалобластичните анемии, пернициозна анемија.
Фитомедицинска заштита против анемија
Во фитомедицина секогаш се сметало дека горчливите материи го потикнуваат варењето со што се зголемува адсорпцијата на полезните хранливи материи. Линцурата е позната во европа и ја користат и за анемија. Се смета дека глуварчето исто така им помага на луѓето со анемија, затоа што е богато со витамини и минерали, како и лековитите растенија вклучувајќи го магдоносот и копривата. Меѓу оние кои е докажано дека го потикнуваат варењето се вбројуваат анасон, кимот, куминот, липата, слаткиот корен.
Исхрана
Приспособувањето на исхраната е најлесниот, најздравиот и најдолготрајнито начин со кој можете д се бористе против анемијата што е сврзана со недостигот на некои материи, Многу видови храна можат да го подобрат наодот за железото, вклучувајќи леб и житни растенија збогатени со витамини и минерали, ориз, компир, морков, брокула, домат, мешунки, немасно црвено место, црн дроб, месо од живина, сушено овошје, бадеми и др. Проучувањата покажуваат дека железото од животинско потекло се адсорбира побрзо и полесно од железото од растително потекло. Доказите исто така навестуваат дека витаминот Ц и бакарот му помагаат на организмот да го адсорбира железото, па затоа пијте сок од аргуми и внимавајте на мултивитаминските препарати кои ги пиете секојдневно да содрат бакар. Избегнувајте пијалаци што содржат кофеин или газирани пијалаци, дополнителни количества калциум и црн чај, бидејќи сите содржат материи што ја нарушуваат адсорпцијата на железо.

Напишете коментар