Драган Јованов –Македонска современа фитомедицинска терапија при третман на Астма

Кои се симптомите при астма?
– Немир или несоница
– Се посилно но релативно безболно стегање во градите
– Мала до умерена задишаност
– Грчење или шушкање, свиркање при дишењето, што може да се движи од слабо до сосема гласно
– Кашлица, понекогаш придружена со слуз
Обратете се на доктор
– Ако вие или некој друг има напад на астма првпат, зошто астмата е хронична болест и може да биде многу сериозна, ако не се лекува правилно
– Ако пропишаниот лек против астма не дејствува за време во кое би требало, потребно е да добиете нов лек или можеби имате тежок напад
– Ако вие или некој друг болен од астма има чувство дека се задишува, што го отежнува зборувањето, ноздрите се шират, кожата меѓу ребрата изгледа вдлабната, а усните или кожата под ноктите е сивкаста или помодрена.
– Тоа се знаци за крвен недостиг на кислород. Веднаш повикајте брза помош.
Астмата е хронична респираторна болест која како и кај бронхитисот и емфиземот, предизвикува стегање во градите и тешкотии при дишењето. Во случај на астма овие симптоми не се секогаш присутни. Се јавуваат при напади кои ги активираат разни прекинувачи од колината (полен, влакна од животни, чад од цигари и др) или имаат емоционалан природа стрес. Некои луѓе болни од астма преживуваат само слаби и ретки напади, за нив оваа болест представува повремена мачнина. За други пак нападите можат да бидат чести и силни и да бараат итно медицинско лекување.

Ако имате астма докторот мора редовно да ве следи и мора да барате итна медицинска интервенција при посилен напад. Со препознавање на прекинувачот во вашиот случај можете да научите да ја намалите јачината и зачестеноста на нападите на астма, а можеби и целосно да ги избегнете.
Астмата не е проблем со вдишувањето туку со издишувањето. Во текот на нападот на астма, стегањето на мускулите и бронхијалните ткива кои отекуваат ги стеснуваат дишните патишта во белите дробови кои потоа се затнуваат со прекимерена слуз. Застојаниот воздух останува заробен на дното на белите дробови, принудувајќи ве да го употребувате горниот дел на белите дробови за со голема мака да вдишите воздух. Слабите и умерените напади се состојат од кратки појави на останување без здив. Во тешки случаи дишните патишта во белите дробови стануваат толку тесни и затнати што дишењето станува невозможно.
Нападот може да помине брзо или да трае подолго од еден ден. Понекогаш симптомите се враќаат ненадејно и со ненадејна силина. Овој втор бран на напади може да биде потежок и поопасен од почетниот напад и може да трае со денови, па дури и со недели.
Астмата е доста честа болест, на пример, од неа боледуваат меѓу 15 и 16 милиони Американци. Почеста е кај децата отколку кај возрасните, астмата е основна причина за изостанувањето од училиште и за исполнетоста на детските оделенија во болнциите. Иако астмата е ретко смртоносна болест, таа е многу сериозна болест. Ако имате астма, мора да побарате помош од доктор пред да ги пробате фитомедицинските начини на лекување.
Кои се причините за заболување од астма?
За заболување од астма нема една причина поточно, нападите може да ги предизвикаат низа различни фактори кои дејствуваат одвоено или во комбинација. Алергиите се основниот причинител. Меѓу 50-90 % од асматичарите боледуваат од алергии. Најчестите алергени или материи кои предизвикуваат алергии, се поленот, тревата, правот, мувлата, чадот од цигарите и честичките од изумрена кожа и плунка од животинско потекло (влакна и пердуви од домашни миленици).
Кога ќе се вдишат овие материи можат да предизвикаат ослободување на хистаминот и другите хемиски материи во организмот што предизвикува алергиска реакција и напади на астма. Други алергени вклучуваат хемиски испитувања, ацетилсалицилната киселина на пр. Аспиринот или нејзините состави, како што е фенилбутазон, ибупрофен и други нестероидни лекови против воспаленија, и сулфиди чиишто високи концентрации се наоѓаат во некои видови храна и течности. Уште еден важен фактор кај астмата сврзана со алергиите е наследноста, научниците откриле ген кој по се изгледа ги прави луѓето чувствителни на оваа болест.
Инфекциите на белите дробови, исто така, можат да предизвикаат астма. Бронхиолитис, вирусна инфекција на дишните патишта од која вообичаено заболуваат двегодишни или уште помалите деца, е честа причина за астма кај децата. Кај возрасните астмата може да се развие како последица на инфекции на горните дишни патишта како бронхитисот. Меѓу другите предизвикувачи на астмата се вбројуваат физичките напори, емоционалниот стрес и некои стресови од околината, како што е загадениот воздух.
Запомнете – кога еднаш ќе се дијагностицира астмата мора да ја следи доктор, а потешките напади секогаш бараат помош од конвенционалната медицина.
Од дополнителните начини на помош при лекување, можете со акупресура, акупунктура, фитоароматерапија, со лековити растенија, рефлексологија, јога и др.
Совет – масирајте ја кожата меѓу палецот и другиот прст на двете нозе, се вели дека овој дел соодветствува за вашето грло и бели дробови. Потоа виткајте ги прстите така да бидат раширени, масирајте го горниот дел на стапалото, дел за кој се вели дека соодветствува за белите дробови и градите.

Македонска современа фитоароматерапија
Со помош на етерични масла како што е маслото од еукалиптус, изоп, лаванда и рузмарин може да го олеснат дишењето и да се ублажи назалната конгестија. Ако вдишите низ нос неколку капки од едно масло или смеса од неколку капки на марамче, можете да го олесните дишењето кај лесните напади на астма. Ако ви е затнат носот и но некое друго време, измешајте неколку капки од етеричното масло во мијалникот полн со врела вода, покријте ја главата со крпа и вдишете ја мирисната пареа низ нос.
Македонска современа фитомедицина
Од лековитите растенија од македонската современа фитомедицина за помош при астма се користат – оманот, подбелот, семки од кајсија, лопен и др.

Напишете коментар