Драган Јованов – Фитомедицинска заштита при воспаление на синусите

Симптоми при синуси
– Чувство на оток на лицето
– Притисок зад очите
– Затнат нос, отежнато дишење низ нос
– Течење на слуз низ задниот дел на носот во грлото
– Непријатен мирис во носот
– Температура
– Забоболка
Обратете се на доктор
– Ако воспалението на синусите се прошири во воспаление околу окото, што може да предизвика оштетување на окото и нервите на лицето
– Ако болеста не почне да се повчекува во рок од седум дена
– Ако воспалението на синустите се јавува повеќе од три пати годишно а времето меѓу нападите на болеста стануваат се поретки. Можеби имате хронична болест што може да стане многус сериозна.
Синуситис е инфекција или воспаелние на синусите, џебови исполнети со воздух во коските на лицето. Од сите таинствени делови на човчекото тело синусите се меѓу натаинствените. Некои научници веруваат дека синусите главно работат како фабрика за слуз во носот и грлото. Други велат дека овие шупливи комори помагаат во загревањето на воздухот кои го дишеме, а некои пак сметаат дека постојат само поради тоа черепот да биде полесен.
Човекот има 4 пара синуси кои се поврзани со носните канали со низа дупки и меѓуврски. На површината на синусите покриена со ситни влакненца, цилии, се создава слуз. Кога вдишуваме воздух, слуста ги запира нечистите материи од него, а потоа влакненцата ја туркаат слузта низ ситните отвори што служат како одводи. Овие отвори се многу мали во некои случаи имаат пречник од само неколку милиметри. Додека фронталните и етмоидални синуси имаат отвор на врвот, Поради тоа од овие шуплини слузта се суши нагоре, спротивно на Земјината тежа. Со оглед на тоа дека луѓето одат испрвени, не е чудно што проблемите со синсите се чести.
Кои се причинителите?
Синуситисот се јавува кога епителот што ги покрива синусите ќе се воспали, а најчестата причина е затворањето на синусните отвори. Кога тие отвори ќе се затнааат, туѓите честииичччки веќе не можат да излезат нивото на кислород се намалува и бактериите од носната празнина влегуваат во синусите предизвикувајќи отекување и полнење на синусите со гној. Ако инфекцијата не се повлече организмот испраќа клетки на помош за броба против болеста за да ги уништат бактериите. За несреќа овие добронамерни чувари можат самите да нанесат голема штета на зидовите на синусите. Одбрамбените клетки можат да ги оштетат цилиите, ситните влакна кои го потпомагаат исфрлањето на туѓите честички. Освен тоа создавањето лузни среде битката меѓу клетките може да доведе до создавање на задебелувања. Големи габични израстоци, носни полипи, исто така, можат да се појават во внатрешноста на носот, отежнувајќи го дишењето и создавањето предуслови за натамошни тегоби. Бактериите речиси секогаш се прошируваат и во соседните синуси. Всушност, кај над 40 проценти од сите болни кои боледуваат од синуситис, болеста зафаќа повеќе од еден пар синуси.
Најчеста причина за затворање на отворите на синусите, е вирусна инфекција на горните дишни патишта, како што се обина настинка или грип. Овие здраствени проблеми го засилуваат лачењето на слузта во носните канали, предизвикувајќи отекување на зидовите на синусите и оневозможувајќи нормална работа на клетките. Алергиските реакции можат да го имаат истото дејство. Поленската треска често доведува до синуситис, а алергиите на прав, животински влакна, храна, чад, и други загадувачи исто така можат да предизвикаат реакции кои доведуваат до затворање на синусите. Во некои случаи синусните отвори ги затвора некоја необична анатомска творба, на пример, од порано постојаните носни полипи, девијација на носната преграда, туѓите тела или тумори. Некои болести како дијабетесот и ХИВ можат да создатат преодреденот за воспаление на синусите. Исто така, кај луѓе со недоволно слуз и влакна, како што се заболените од цистична фиброза, веројатноста за бојава на оваа болест е поголема од просечната. Синуситисот ито така е раширен меѓу заболувањата од тонзилитис и луѓе со аденоидни тегоби.
Фитомедицинска заштита при воспаление на синусите
Целта на најголем дел од лекувањето е отворање на синусите и обновување на редовната дренажа. Ако синусите се инфицирани со бактерии, важно е да се уништат предизвикувачите на болестите пред да предизвикаат други оштетувања или да се прошират во други синуси. Со многу фитомедицински начини се настојува да се ублажат болките предизвикани од воспалението на синусите и да се отворат синусите за да се овозможи нивно сушење. Некои повторно се насочуваат на борбата против инфекциите со јакнење на имунолошкиот систем. Парните инхалации со масло од еукалиптус, бор и мајчина душица можат да помогнат во отворањето на затнатите синуси. Симптомите можете да ги намалите со држење ментол или еукалиптус кај синусите. Исто така можете да го масирате лицето со екстракт од лаванда помешан со маслиново масло.
Истражувањата покажаа дека таблети од бромелин го намалуваат воспалението секретот од носот, главоболката и отежнатото дишење. Имунолшкиот систем можете да го зајакнете со примена на ехинацеа или лук по можност свеж. Вдишувањето пареа од каранфилче, или чај од ѓумбир исто така ги ублажува симптомите. Против претерано лачење слуз стручњаците препорачуваат цвет од бозел и бел слез.
Други методи кои можете да ги применувате се со акупресура и акупунктура.
Исхрана
Добрата, здрава исхрана што содржи овошје и зеленчук може да ја потикне секрецијата и отворањето на синусите. Нутриционистите ги препорачуваат следниве додатоци во исхраната – витамин Ц, биофлавонид, витамин А и цинк. Не консумирајте хрна за која се сомневате дека може да предизвика алергиска реакција.

Напишете коментар