Доставени 70 насто од Решенијата за Даночните Обврзници

Околу 70 насто од решенијата за данок на имот и комунална такса се доставени до даночните обврзници. Според Душко Василев раководител на одделението за администрирање на приходи при општина Струмица, за оваа 2015 година за данок на имот изготвени се вкупно 15.264 решенија од кои 14.982 за физички и 282 за правни лица.
За комуналната такса или популарно наречена фирмарина вкупно се изготвени 3.688 решенија, од нив 3.158 се за правни лица и 530 за за самостојни вршители на дејност. Оваа такса се плаќа во рок од 30 дена по добивањето на решението, а данокот на имот квартално, односно на три месеци до крајот на годината.

Од одделението за администрирање на приходи апелираат до даночните обврзници за навремено подмирување на обврските, затоа што овие приходи одат директно во општинскиот буџет преку кој се реализираат проектите кои го подобруваат животот на граѓаните во општината.

Напишете коментар