Домот за деца и млади „Благој Мучето“ ги додели наградите по распишаниот конкурс по повод 8 март

Во организација на Домoт за деца и млади „Благој Мучето“ и општина Струмица, денеска беа доделени наградите по распишаниот ликовен и литературен конкурс на тема со родова компонента „Жената во секојдневието – докторка, учителка, работничка, машиновозачка, адвокатка, новинарка, политичарка, полицајка, пилотка, спортистка и…“ Од пристигнатите творби по ликовниот конкурс во холот на домот на АРМ беше отворена изложба.
Домот за деца и млади традиционално секоја година распишува ликовен и литературен конкурс по повод Меѓународниот ден на жената 8 март и организира доделување награди и отворање на изложби, но оваа година настанот се реализираше во соработка со општина Струмица во контекс на реализирање на активностите на Програмата за родова еднаквост како резултат на претходно донесена Стратегија за родова еднаквост од страна на општината. Оваа традиционална манифестација беше реализирана во соработка со општинските основни училишта од општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село.

Напишете коментар