Доделени Дипломите на Матурантите во СОУ „Никола Карев“

Синоќа во амфитеатарот во големиот градски парк на свечен начин им беа врачени дипломите за завршено средно образование на учениците од средното општинско училиште „Никола Карев“ од генерацијата 2011-2015 година. На 99 ученици им беа доделени дипломи за завршена државна матура, на 117 ученици за завршен испит – четврти степен и на 34 ученици им беа доделени дипломи за завршен испит-трет степен.
Вакво свечено доделување на дипломите се одржа за прв пат и истото побуди прекрасни чувства кај учениците, родителите и наставниот кадар на училиштето.
Вечерва кај фонтаната на градскиот плоштад со почеток во 20 часот ќе се одржи свечено доделување на дипломите на учениците од средното општинско училиште „Јане Сандански“.

Напишете коментар