Дневен ред за 50-та седница на Советот на општина Василево

Во среда, 18.01.2017 година, со почеток во 12,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 50 –та седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

Предлог-одлука за долгорочно домашно задолжување на општина Василево во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (MSIP).
Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2016 година за периодот од 01.01.2016 до 31.12.2016 година (К-1).
Квартален извештај за доспеани а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2016 до 31.12.2016 година (К-2).
. Квартален извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2016 до 31.12.2016 година (К-3).
Предлог-одлука за утврдување на надворешен член на Комисијата за давање на мислење на нацрт палнови на општина Василево и утврдување на надомест за истиот.
Извештај за активностите на Здружението – пингпонгарскиот клуб Астрион спорт плус за 2016 година.
Програма за работа на Здружението – пингпонгарскиот клуб Астрион спорт плус за 2017 година.
Донесување на одлука по барањето поднесено од Апостолски егзархат во Македонија – парохија „Успение на пресвета Богородица“, с. Нова Маала.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

Напишете коментар