Дневен ред за 48-ма седница на Советот на општина Василево

Во понеделник, 12.12.2016 година, со почеток во 15,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 48-ма седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

Предлог-одлука за сопствено учество на општина Василево во проект за изработка на техничка документација за водоснабдување за населените места Требичино и Дукатино.
Предлог-одлука за сопствено учество на општина Василево во проект за развој на патната инфраструктура преку изградба на дел од пат помеѓу населените места Чанаклија и Нова Маала.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

Напишете коментар