Директорот на Државниот инспекторат за земјоделие во Василево

Директорот на државниот инспекторат за земјоделие, г-дин Цветан Трипоноски, денес беше во посета на општина Василево каде по средбата со градоначалникот на општината, г-дин Ванчо Стојанов и претставници на откупувачите на земјоделски култури, на терен посети и неколку откупни пунктови. Целта на неговата посета беше увид во откупот на индустриската пиперка во Струмичкиот регион и состојбата со почитувањето или непочитувањето од страна на откупувачите на договорените неделни откупни цени. За три фирми кај кои инспекторите регистрирале неправилности во откупните цени изречени се казни кои зависно од големината на фирмата изнесуваат од 6 000 до 8 000 евра плус 30% за одговорното лице во правниот субјект.

„ Како директор сакав лично да се уверам во откупот на индустриската пиперка. Ние од самиот почеток го следиме целиот процес со откупот на оваа култура. Сакам да нагласам дека со нашите редовни контроли кај сите откупни претпријатија констатиравме отстапки во делот на почитување на неделните цени што согласно Законот треба да ги почитуваат. Против откупувачите кои не ги почитуваат ќе бидат издадени платни налози т. казни , а казна ќе следи и за одговорното лице во правниот субјект“, изјави директорот Трипуноски притоа упатувајќи апел до сите откупувачи да ги почитуваат договорените цени, како и сите други прописи за да ги избегнат санкциите, а до земјоделците да ги пријавуваат неправилностите при откупот.

Трипуноски нагласи дека Инспелкторатот и понатаму ќе остане фокусиран на следење на процесот на откуп на земјоделски култури на територијата на целата држава.

Напишете коментар