Дежурна Критика- Став за Летоците со Наслов “Барок-јок”

Неодамна се појавија летоци низ градот Струмица со наслов “Барок-јок”, кој се однесуват за реновирњето на старата полициска зграда. Во прилог ви го објавуваме фејсбук статусот на Дежурна Критика, кој се однесува токму на оваа кампања…

ДЕЖУРНА КРИТИКА…
Неодамна пишувавме за новиот објект кој почнува да се гради на местото на “старата полициска зграда”, за недостатоците и анемичноста на архитектонскиот проект и за неискристализираниот карактер на самата фасада која треба да биде олицитворение на врвна државна институција. Меѓутоа, кампањата која деновиве се води против изградбата на оваа зграда со смешната аматерска и дилетантска класификација на овој проект во историскиот стил Барок, не може да не остави рамнодушни. Оваа политикантско-циркуска кампања(нема да навлегуваме во тоа кој ја води и зошто), е една комична пародија во замена за вистинската дебата за естетика и урбанизам која кај нас одамна никој повеќе не ја води. Самиот наслов на летоците “Барок-јок” ја покажуваат крајната естетска и културна неписменост на креаторите на кампањата, кои си го освоиле терминот Барок како поим и наслов за се што не се вклопува во “модернистичкиот критериум” на една нова неолиберална класа уметници, за тоа како треба да изгледа еден град, иако тие никогаш не прикажале модел како треба да изгледа ликот на еден таков модерен град. Во овој проект каков што е прикажан, секој уметник, секој архитект категорично ќе ја отфрли карикатуралната теза дека содржи и најмал детал кој би потсеќал на историскиот стил на барокот. А за тоа би требало да се запрашаат самите”архитекти” или интелектуалци кои стојат зад оваа неписмена кампања во секој поглед (па и во јазикот).
Во контекст на анкетите, а зборувајки за изгледот на јавните објекти – дали некој ги запраша граѓаните за изгледот на Градскиот пазар и трговски центар “Глобал”, пред истиот да окупира скоро третина од централниот дел на градот со безлична стаклена фасада?!? И дали постоеше јавна дебата за оној пародичен културен објект со архитектура налик на јавни тоалети, во градскиот парк по некоја случајност наречен Амфитеатар?!?И на крајот,што претставува тоа Европска и модерна Струмица,имате некаков план за тој проект господа?!