Денеска се врши второто пријавување и запишување во трите средни училишта

Во средните општински училишта денеска се врши второто пријавување и запишување на учениците во прва година за новата 2016/2017 учебна година во јунскиот уписен рок. Во трите средни општински училишта во Струмица по првото запишување има вкупно 867 слободни места.

Во средното општинско училиште „Јане Сандански“ има 248 слободни места и тоа 153 за гимназиско образование, 64 за економски техничар и 31 за банкарски техничар. Во СОУУД „Димитар Влахов“ има 249 слободни места во сите струки освен за образовниот профил медицинска сестра во здравствената струка која што е пополнета и во СОУ „Никола Карев“ има 370 слободни места.

Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 6 јули.

Напишете коментар