Денеска е Св. Архангел Михаил

Овој празник е утврден во четвртиот век, за да го дефинира правилното почитување на ангелите. Празниот е во чест на сите ангелски чинови. Наречен е Собор на свети архангел Михаил, зашто архангел Михаил е војвода на целата ангелска војска.

Учењето за ангелите е инаку собрано во книгата на псевдо-Дионисиј Ареопагит За небесната хиерархија. Постојат девет ангелски чинови: шестокрилите Серафими, многуоките Херувими, богоносните Престоли, потоа Господствата, Силите, Властите, Начелата, Архангелите и Ангелите.

Учењето за ангелите е инаку собрано во книгата на псевдо-Дионисиј Ареопагит За небесната хиерархија.

Михаил  е архангел споменат во Откровението во Стариот Завет по име во перисиски контекст на Книгата на Даниел.Претставен е како заповедник (војвода) на Господовата војска.

Таму тој се јавува како „еден од првите кнезови“ кој во привидението на Даниел му притекнува на помош на архангел Гаврил во борбата против ангелот на Персија, а опишан е и како застапник и бранител на Израел и „големиот кнез кој ги штити синовите на твојот (Даниеловиот) народ“. По талмудските преданија неговото име значи „како Ил (Бог)“ или „Иловиден“, „Илолик“ („Боговиден“, „Боголик“).

Михаил е меѓу главните ангели во Аврамските преданија; се вели дека неговото име било борбен извик на ангелите на небесата во борбата против Сатаната и неговите следбеници.

Би било природно св. Михаил, како поборник за евреите, да биде и поборник за христијаните, донесувајќи им победи во војните. Меѓутоа раните христијани ги сметале некои од великомачениците за нивни воени заштитници: Св. Ѓроѓи, Св. Теодор Тирон, Св. Димитриј, Св. Сергиј, Св. Прокопиј, Св. Меркуриј, и тн.; а на Св. Михаил му ги доверувале болните.

Напишете коментар