Ден на дрвото во о.Босилово

Градоначалникот на општина Босилово заедно со општинската администрација и дел од вработените во ЈПКД „Огражден„ – Босилово зедоа активно учество во акцијата „Ден на дрвото – 2015 година„.
Се пошумуваше на падините на планината Огражден кај селото Хамзали во непосредна близина на регионалниот пат Струмица – Берово.
Општината имаше обезбедено вкупно 1.000 садници бел бор, 1.000 садници црн бор и 200 броја аризонски чемпрес.
Дел од садниците беа отстапени на основните училишта во општината со цел нивно засадување во училишните дворови.

Напишете коментар