Дечињата од градинките се запознаваа со работата на пожарникарите

Во рамките на воспоставената соработка меѓу Територијалната професионална противпожарна единица и градинката „Детска радост“, деновиве, пожарникари од единицата со дел од опремата ги посетуваат клоновите на градинката. Тие ги запознаваат дечињата со работата на пожарникарите, со опремата на противпожарните возила и останата опрема која што ја користат во интервенциите што ги спроведуваат. Според Александат Гудев, командир на ТППЕ Струмица, децата во градинката покажуваат голем интерес, што за нив е мотив повеќе, почесто да бидат меѓу нив.

Напишете коментар