Дебата: ЕУ е дел од решението, но и од проблемот во Македонија​

Здружението „НОВУС“ во рамките на проектот „Запознај ја европската унија  
делувај европски“ којшто е финансиран од општина Струмица,  организираше  јавна дебата 
во соработка со дебатниот клуб при Младински совет  Струмица на тема „ЕУ е дел од 
решението, но и од проблемите во Македонија“.  
Преку дебата учесниците  ги изнесуваа  своите аргументи за или против, а  се 
потенцираа и бенефитите и ограничувањата што Македонија би ги добила доколку стане 
дел од Европската унија. 
 Дебатери ќе бидат Цветанка Манчева, Александра Николова, Ристо 
Ковачев, Вероника Поповска, Верица Китанова, Љубица Поп-Трајкова, Лилјана Ѓорѓиева 
и Викторија Јанушева. 

Напишете коментар