Дали НАСА Пронајде Живот на Марс?

Американската вселенска агенција НАСА најави “големо научно откритие” во врска со Марс кое ќе биде објавено денес. Објавата ќе можете да ја следите во живо на оваа страница преку видеото подолу во 17:30 часот по македонско време.

Нa настанот ќе зборуваат повеќе истакнати имиња на научници меѓу кои и директорот на НАСА.

Во моментот НАСА оперира со пет леталала околу и на Марс – роверите “Можност” и “Љубопитност” кои слетаа на површината на Марс во 2004-та и 2012. И орбитерите: “Одисеја за Марс”, МРО и МАВЕН.

“Одисеја за Марс” пристигна на црвената планета во 2001 додека МРО во 2006-та. МАВЕН само што ја прослави својата прва годишнина во орбитата на Марс минатата недела.

Европскиот “Марс Експрес” и Индискиот “Мисија Марс Орбитер” исто така сеуште будно ја следат црвената планета одозгора кои го чинат бројот на орбитери околу Марс на пет.

По интернет дискусиите во врска со овој настан се шпекулира дека големото откритие е всушност вода на Марс која се појавувала на вечер. Но општо познато е дека животот е зависен од вода така да доколку ова е точно тоа би значело дека веројатноста да посоти некаква форма на живот на Марс е огромна!

Напишете коментар