„Да ги заштитиме децата во сообраќајот“

Во основното општинско училиште „Сандо Масев“ од Струмица, денеска, со сите ученици од второ одделение, Отсекот за превенција при СВР од Струмица во партнерство со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата од Скопје и Општинскиот совет за безбедноста на сообраќајот на патиштата Струмица, ја реализираше превентивната активност „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.
Презентацијата ја изведоа полициски службеници од СВР Струмица, а посебна маскота во соработка со општествено одговорна фирма „ИУТЕ КРЕДИТ“, на дечињата им подели „Сообраќајна лектира“, боенки и распоред за часови.

Напишете коментар