Црвен Крст организираше крводарителски акции во сите средни училишта

Црвен крст Струмица по годишниот план за крводарителски акции организираше и спроведе крводарителски акции во сите средни училишта во Струмица .Акциите се организираат во соработка со Службата за трансфузионата медицина во простории адаптирани во средните училишта каде голем број на млади луге ја искажуваат својата хуманост за прв пат во областа на крводарувањето кој е клучен за понатамошното искажување во овој дел од хуманоста на младите луѓе. Пример да се биде хуман, да се биде крводарител добиваат и од своите професори и персоналот во училиштата.
Овие акции не би можеле да ги реализираме доколку не ни излезат во пресрет директорите на училиштата кои не поддржуваат како во областа на крводарителството така и во други акции, затоа упатуваме голема благодарност до нив со што се надеваме на понатамошна соработка .Изјавија од Црвен Крст Струмица.

Напишете коментар