Чистење на Резервоарите за Вода во с.Дрвош

На минатата седница на Советот на општина Босилово беше донесена предлог одлука за преземање на водоводот во с.Дрвош на управување и користење од страна на општина Босилово преку ЈПКД „Огражден Босилово“.
Оваа предлог одлука беше донесена по иницијатива на група граѓани од населеното место Дрвош за управување и користење на водоводот во Дрвош од страна на ЈПКД „Огражден“ Босилово со цел за побрзо решавање на проблемот со водоснабдувањето на ова населено место.
Денеска екипа од Комуналното претпријатие „Огражден“ работеше на чистење на резервоарите за вода и беше исчистен еден од нив а утре ке биде исчистен и другиот.
Наредните денови ЈПКД „Огражден“ ке продолжи со санација на дел од водоводната мрежа, поставување на нови водомери и отстранување на нерегуларните приклучоци за вода.

Напишете коментар