Четириесет и осмата седница на Советот на општина Ново Село

Денес на 15.04.2016 година, Советот на општина Ново Село ја одржа четириесет и осмата седница на чиј дневен ред беа тринаесет точки:
1. Предлог Одлука за проширување на Буџетот на општина Ново Село за 2016 година.
2. Предлог Одлука за пренамена на Буџетот на Општина Ново Село за 2016 година.
3. Предлог Одлука за дополнување на одлуката бр. 09-729/2 од 01.03.2016 година.
4. Предлог Одлука за изработка и имплементација на проект”Мрежа за примарна здравствена заштита”.
5. Предлог Одлука за изработка и имплементација на проект “СМАРТ” компостирање на органски отпад.
6. Предлог Одлука за изработка и имплементација на проект “Транснационална соработка за подобрување на енергетската ефикасност во општинските објекти”
7. Предлог Одлука за изработка и имплементација на проект “Здружување за заедничка заштита на животната средина и одржливо управување на природните ресурси”.
8. Предлог Одлука за изработка и имплементација на проект “Интелегентен систем за собирање отпад”.
9. Предлог Одлука за изработка и имплементација на проект ”Имплементација на пилот решение за енергетска ефикасност на уличното осветлување”.
10. Предлог Одлука за изработка и имплементација на проект “Воени пријателства – мрежа за прекугранична соработка за културен туризам”.
11. Донесување на одлука за ослободување од плаќање на комунален надоместок на ЈП Комуна за изградба на капела.
12. Разгледување на барања.
13. Советнички прашања.

Напишете коментар