Честитка од Градоначалникот Зоран Заев по Повод Празникот Рамазан Бајрам

Почитувани сограѓани од исламска вероисповед,

Последните три дена од Рамазанскиот месец исполнет со молитва и прочистување на телото и душата, нека ви донесат многу радост, веселба и среќа во Вашите души и во душите на Вашите најблиски.

Празнувањето на Рамазан Бајрам, како завршница на изминатите Рамазански пости кои ги поминавте со внимание и почит кон Вашиот Бог и со пронаоѓање на добрината во Вас, се надевам дека ќе го крунисете со семеен собир покрај празничната трпеза и со исполнети желби за здравје, благосостојба, мир и хармонија.

Од мое лично име и од името на сите вработени во Општина Струмица со најубави желби Ви го честитам големиот празник.

Честит и вековит нека Ви биде Рамазан Бајрам.

Напишете коментар