Честитка од градоначалникот Зоран Заев по повод празникот Курбан Бајрам

Почитувани сограѓани од исламска вероисповед,

Вашиот голем празник КУРБАН БАЈРАМ нека ги исполни сите Ваши желби и стремежи за потчинување и доближување до Бога, за да ја добиете за возврат неговата милост и богочовечка љубов.

Се надевам дека празнувајќи го денешниот ден, ќе доживеете исполнување на Вашите молитви за мир, спокој, здравје, хармонија и благосостојба во Вашите души и семејства и дека ќе опстоите во празничната мисија за милосрдие, единство, заедништво, толерантност и хуманизам во односите меѓу луѓето. Подадената и примената рака нека ја краси личноста на секој од Вас.

Нека ви е честит и вековит КУРБАН БАЈРАМ.

Напишете коментар