Честитка од градоначалникот на општина Василево по повод почетокот на рамазанските пости

Градоначалникот на општина Василево. г-дин Ванчо Стојанов, по повод почетокот на Рамазанските пости, упати честитка до своите сограѓани, припадници на исламската вероисповед.

„Рамазан претставува сила на секој верник, месец во кој секој би требало да го отвори срцето како би можело во него да влезе светлината на верата која ќе ве води само кон создавање нови дела.

Празникот Рамазан е најдобра можност да се сврти нова страница во животот, нова страница во заедницата и општеството во кое живеете, но и добра можност да бидете посебни еден кон друг во семејството, но и кон самите себе“ вели градоначалникот Стојанов во честитката.

„Дозволете ми од мое лично име и од име на нашата и Ваша општина Василево да Ви упатам честитки по повод почетокот на најсветиот месец – Рамазан и да Ви посакам деновите на овој месец да ги поминете во мир и благосостојба во Вашите семејства и домови. Нека овој празник биде поттик за зачувување на универзалните вредности за мир, благосостојба, за меѓусебно помагање и почитување на човечките вредности, кои ќе придонесуваат за подобро утре и наша заедничка иднина“ – им посака градоначалникот на општина Василево на своите сограѓани од исламска вероисповед, во честитката по повод почетокот на Рамазанските пости.

Напишете коментар