Цевитана Бабл Фудбал

На 15-ти јули во Струмица, официјално ќе започне Цевитана бабл фудбал, долго очекуваната адреналинска забава во која што ќе се игра поинаков, подинамичен и поинтересен фудбал.
Тимовите од пет натпреварувачи ќе играат според регуларните правила за мал фудбал, координирани од судија, со таа разлика што на себе ќе носат бабл топки. Ваквите проsирни фудбалски костими во форма на топка, ќе го направат натпреварот многу повозбудлив, а натпреварувачите ќе можат опуштено да се тркалаат низ теренот, сигурни дека се целосно заштитени.

Пријавувањето за учество во оваа најнова фудбалска атракција, што за првпат се организира во Македонија, трае сé уште и е бесплатно за сите кои ќе пријават тим од пет играчи на фејсбук фан страницата facebook.com/Cevitana.mk или ќе се пријават на лице место на одржувањето на настаните. Цевитана бабл фудбал, веднаш после одржаниот натпревар во Струмица, на 17, 18 и 19-ти јули продолжува во Дојран, а потоа на 24 и 25-ти во Битола, 25-ти и 26-ти јули во Прилеп, од 30-ти јули до 9-ти август во Охрид и завшрува со два турнири на 22-ти и 23ти и 29-ти и 30-ти август во Скопје.
За сите пријавени учесници, брендот Цевитана, во чија организација е овој интересен турнир и компанијата Витаминка ќе обезбедат интересни подароци, а спортските настани ќе бидат придружени со многу изненадувања за посетителите.

Напишете коментар