„Бронзена сабја“ за филмот Златна Петорка во Варшава.

Филмот „Златна петорка“ ја освои наградата „Бронзена сабја“ на Интернационалниот фестивал за историски и воени филмови во Варшава.

Фестивалот се одржува до 26 октомври, а македонскиот филм на режисерот Горан Тренчовски освои „Бронзена сабја“ од стручното жири, во категоријата на историски филмови.

Филмот се натпреваруваше во конкуренција со 70 други филмови од 18 држави. „Златна петорка“ е еден од најгледаните и најнаградуваните македонски филмови од поновата филмска историја.

Напишете коментар