Brainster-Selfie Stick-от добива нова 180 степена димензија со Spivo

„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори чија цел е да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијативасподелете ја со пријателите.
Selfie стапчињата може да бидат забранети во голем број јавни места, но можноста да се прават слики и видеа од поинаков агол со користење на едно “стапче“, нуди огромна креативност додека креирате спомени од вашите авантури. Сега, новиот и револуционерен selfie stick наречен Spivo, ви овозможува да го менувате правецот на камерата за 180 степени со едноставно притискање на копче додека сликате или снимате.
Дали некогаш сте се обиделе да го “уловите“ совршениот момент, но не сте биле во можност да го сторите тоа? Обичните селфи стапчиња се статични и имаат недостаток на маневрирање, па сликате од едно видно поле.
ЛИНК ДО ВИДЕО: https://www.youtube.com/watch?v=XqKYjiuDoJ8
Ова ограничување е веќе минато и од сега сите интересни моменти од вашата непосредна околина ќе може да ги зачувате во вид на слика или видео клип со кадар од 180 степени.
ЛИНК ДО ВИДЕО 2: https://www.youtube.com/watch?v=tidu6N6JkII
Spivo е водоотпорен и лесен за употреба. Откако ја завршија кампањата на Kickstarter, сега може да го пре-нарачате во три различни величини (S, M, L) по цена од $37.65 на нивниот официјален веб сајт. Ние сме спремни за кул селфи со новиот Spivo Stick, а вие?
Среќно,
Brainster заедницата
Сакате да добивате известувања за бесплатните курсеви: Регистрирајте се тука
Facebook: www.facebook.com/brainster.co
Web: www.brainster.co
Mail: [email protected]

Напишете коментар