Brainster- Револуционерен полнач кој можете да го носите во вашиот џеб

„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори чија цел е да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете ја со пријателите.

Mu е еден револуционерен производ кој решава проблем кој сите го имаме, а досега не сме му обрнале многу внимание, а тоа е големината и гломазноста на полначот на сите паметни уреди кои ги користиме. Особено кога патуваме некаде ова знае да стане голем проблем.

Mu е британски полнач кој секогаш можете да го носите со себе а е толку мал што го собира во вашиот џеб. Овој полнач е идеја на Min-Kyu Choi, еден од основачите на компанијата Made in mind. Choi заедно со својот партнер Matthew Judkins ја започнува оваа интересна приказна во 2009 кога започнуваат да работат на концептот на овој интересен производ, за во 2010-тата да добијат награда за дизајн на годината, а веќе во 2012 првиот Mu полнач да се појави на пазарот.
За почеток овој полнач бил достапен само во бела боја и со можност да го користите како полнач само за вашиот телефон или mp3 плеер и со моќност на полнење од само 1amp.

Но во 2014-тата на пазарот се појавува Mu Tablet кој е помоќен и поколоритен и со можност да го користите и при полнење на вашиот таблет, телефон, mp3 плеери и секој уред кој користи стандарден USB кабел. Веќе е батерија со моќност од 2.4 amp и можност да го полните вашиот уред и додека се движите.

Но тимот на Choi и Matthew повторно не застанаа тука и во март 2015 тата успева да собере преку 100,000 американски долари преку Indiegogo за само еден месец за да може да развие полнач кој ќе биде достапен за нтернационалниот пазар.

Доколку патувате често во Англија и сакате да го имате овој полнач за себе цените се движат од 15 £ за основната верзија до 23 £ за напредната верзија.

Што велите вие би сакале ли да имате еден ваков полнач?

Сакате да добивате известувања за бесплатните курсеви: Регистрирајте се тука

Напишете коментар