BRAINSTER: Ние ja започнавме револуција во образованието, приклучете ни се!

Brainster е стартап кој започна да се развива на почетокот на 2015 година со инвестиција од Македонските Бизнис Ангели. Нашата визија е да го претвориме градот во универзитет, секој простор во училница и секој од нас во инструктор и студент.

Brainster.co има за цел да му овозможи на секој професионалец да го пренесе своето знаење на заедницата и на секој индувидуалец да ги збогати своите практични знаења.

Првите курсеви на нашата платформа беа поставени во Октомври 2015 година, а Скопје е првата локација каде започнавме да ја шириме визијата на Brainster заедницата.

Во текот на овие 7 месеци се одржаа курсеви на различни теми кои претежно во формалното образование не може да се научат, а ги опфаќаат следните области: технологија, маркетинг, бизнис и уметност.

За само 7 месеци одржавме повеќе од 70 курсеви/работилници, од страна на 30 локални експерти. Курсевите беа посетени од над 1000 посетители кои се стекнаа со нови вештини потребни за лична и професионална надоградба.

Скопје беше првата, а Струмица е нашата следна станица.

Нашиот тим нема да застане тука, бидејќи имаме во план да ја прошириме Brainster заедницата со оние кои сакаат да го споделат своето знаење и да се стекнат со нови вештини во Атина, Софија и Берлин.
7e59646e-df72-4079-9eeb-bd567b2659ab

f1ad1125-e20e-494c-8bf7-f8edebc28bf8

Напишете коментар