БЛЕСНА МАКЕДОНСКАТА ИКОНА ВО ЦРКВА ВО НАЗАРЕТ ВО ИЗРАЕЛ

Во базиликата на „Свето Благовештение“ во Назарет во Израел се наоѓа икона со ликот на Пресвета Богородица како спомен обележје од Македонија.
Иконата, во форма на мозаик е поставена во просторот каде се наоѓаат спомен обележја од речиси сите православни држави во светот.

По поставувањето, икона со ликот на Пресвета Богородица ја осветија двајца свештеници на МПЦ од Скопската Епархија. На иконата е претставена реплика од познатата икона од Манастирот во Зрзе, „Св.Богородица пелагониста“.
За поставувањето на иконата мозаик, согласност и благослов е дадено од Македонската православна црква, преку Архиепископот Охридски и македонски, г.г Стефан.

Напишете коментар