Благица Калева и групата „Модус“ на Празијадата во Василево

Посетителите на манифестација „Ден на празот“ која годинава ќе се одржи на 01.11.2015 год. со почеток во 11,00 часот во населеното место Градошорци, освен во вкусните специјалитети од праз ќе можат да уживаат и во богатата културно уметничка програма, чиј специјален гостин ќе биде пејачката Благица Калева со групата „Модус“.
Подготовките за годинешната, осма по ред манифестација Ден на празот посветена на промоција на Градошорскиот праз, се одвиваат со планираната динамика. Организаторот на манифестацијата, локалната самоуправа Василево упатува отворена покана до сите граѓани, во недела на 01 ноември да дојдат во Градошорци и да уживаат во вкусот на празот и добрата забава.
DSCN4323-horz-792x245

Благица-КАлева

Напишете коментар